„САКАМ ДА ГО ВИДАМ ЏЕФРИ“ Сенките на Епстин ја стигнаа Наоми Кемпбел

Здраво, јас сум Наоми. Би сакала да знам кога можам да разговарам со Џефри за мојата линија костими за капење за состанокот Викторијас Сикрет. Имам фотографии и неколку костими за капење со мене, напишала светски познатата манекенка во порака од 2005 година.

111

Документите од досиејата на Џефри Епстин повторно ја вознемирија јавноста. Нови материјали, објавени од Министерството за правда на САД, покажаа години континуиран контакт меѓу Наоми Кемпбел и Џефри Епстин – пораки, повици, патувања и покани на елитни настани.

Контактите, според документите, опфатиле период од 2003 до 2016 година, и тоа и пред и по пресудата на Епштајн за сексуални престапи врз малолетник од 2008 година.






Покани, забави и „веднаш јавете се“

Во серија пораки од 2015 година се наведува барање до асистентката на Епстин:

„Ве молам, веднаш јавете се на Наоми. Таа вели дека навистина треба да разговара со вас“.

Во друга порака од истата година стои:

„Сакам да го видам Џефри. Дали оди во Мароко?“

Документите откриваат дека Кемпбел го поканувала Епстин на ексклузивни модни забави, меѓу кои и нејзината раскошна забава за 40-тиот роденден во Кан.

Спомнати се и покани за гала-настани во Париз, како и за хуманитарни модни ревии што самата ги организирала.

Бизнис разговори и фотографии

Дел од комуникацијата имала и деловен карактер. Во порака од 2005 година, Кембел барала совет во врска со својата линија костими за капење за „Викторијас Сикрет“.

„Здраво, јас сум Наоми. Би сакала да знам кога можам да разговарам со Џефри за мојата линија костими за капење за состанокот Викторијас Сикрет. Имам фотографии и неколку костими за капење со мене“, напишала таа.

Во 2010 година, асистентката на Епстин организирала средба меѓу Кемпбел, нејзиното тогашно момче и малопродажната магнатка Линда Вахнер во домот на финансиерот.

Приватниот авион како постојана тема

Записите од 2016 година прикажуваат низа барања за користење на приватниот авион на Епштајн.

Во една порака асистентката наведува дека Кемпбел „нема резервен план“ и дека веќе резервирала хотел, автомобил и возач, очекувајќи летот да се реализира.

Имиња што се појавуваат во сенка

Во досиејата се споменуваат и други познати личности. Меѓу нив е и Мик Џегер, за кого постојат пораки поврзани со можни вечери и контакти со Епстин. Во документите се појавува и името на Жилејн Максвел, осудена како негова соработничка, која, според записите, испраќала пакети и посредувала во комуникации.

Името на Кемпбел се споменува и во сведоштвата на две наводни жртви на Епстин. Едната тврди дека го запознала на забава во неговата вила во Њујорк каде присуствувала и манекенката. Другата наведува дека Епстин ѝ ветувал работа во „Викторијас Сикрет“, повикувајќи се на познанството со Кемпбел.

Јавна дистанца и предупредување

Наоми Кембел претходно јавно изјави дека однесувањето на Епстин било „неоправдано“.

– Кога слушнав што направил, бев згрозена до срж. Јас сум со жртвите – изјави таа.

Министерството за правда на САД, сепак, предупреди дека дел од објавените документи може да содржат неточни или фалсификувани материјали и дека нивното објавување не претставува доказ за злоупотреба.

Поврзани содржини