САКАЛО ДА ЛЕТА КАКО СУПЕРМЕН Дете од Бања Лука изведувало опасен предизвик на Тик-ток

Медиумите потсетуваат дека „Супермен предизвикот“ е забележан и кај децата во Србија, а она што е спорно во врска со него е начинот на кој се изведува и ризикот од сериозни последици што може да ги предизвика, што често доведува до скршеници на зглобовите.

236

Во полицијата во Бања Лука било пријавено дека едно дете е тешко повредено по предизвик кој се проширил на социјалната мрежа Тик-ток. Според медиумите, станува збор за „Супермен предизвик“ во кој две деца го фрлаат третото дете во воздух.

Полицијата соопшти дека тешко повреденото дете во Бања Лука не е во животна опасност. Во исто време, вниманието беше свртено кон родителите/старателите да се грижат што гледаат нивните деца на Тик-ток.






Медиумите потсетуваат дека „Супермен предизвикот“ е забележан и кај децата во Србија, а она што е спорно во врска со него е начинот на кој се изведува и ризикот од сериозни последици што може да ги предизвика, што често доведува до скршеници на зглобовите.

Посебната опасност со овој „предизвик“ е всушност тоа што ако две лица, кои се задолжени да го прифатат третиот, не го сторат тоа во вистински момент, можат да го пуштат да падне на подот, па и самите креатори на оваа содржина предупредија дека учеството во оваа активност може да доведе до сериозно повредување на еден од актерите.

Овој предизвик е актуелен и кај нас. Само во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски во Скопје се примени 11 повредени деца токму од предизвикот „Супермен“.

НЕ СЕКОЈ ШТО ЛЕТА Е „СУПЕРМЕН“ Две деца скршиле раце, 9 имаат набиеници, но не се знае уште колку жртви има од играта на Тик-Ток

Поврзани содржини