САКАЛЕ-НЕЌЕЛЕ ДОГОДИНА ЌЕ БИДЕТЕ ОПОЗИЦИЈА! Одговор од ВМРО-ДПМНЕ на предлогот на ДУИ

Останува уште ДУИ, освен за одење во опозиција, да се согласи и за одложена примена на измените сè до периодот на влез на Македонија во ЕУ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

1,143

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција, и нагласува дека сега останува уште да се постигне согласност за одложена примена на уставните измени откако Македонија ќе влезе во ЕУ, што е услов оваа партија да гласа за уставни измени.

„ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.






Останува уште ДУИ, освен за опозиција, да се согласи за одложена примена на измените сè до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале-неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свеснисе вели во соопштението на ДУИ.

 

ВЛАДА БЕЗ ДУИ МОЖЕ, АКО ГЛАСАТЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Бујар Османи одговори на предлогот на Мицкоски

Поврзани содржини