САКАЛЕ ДА ИМ ПРОДАДАТ УКРАДЕНИ СЕМЕЈНИ ФОТОГРАФИИ Тројца мажи го уценувале семејството на Шумахер, ама не им успеал планот
Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.
Тројца мажи се осудени од страна на судот во Германија за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, јавиja локалните медиуми.
Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.
Неговиот син доби условна казна од шест месеци за неговиот дел во шемата, додека поранешен чувар кој некогаш работел за семејството Шумахер доби двегодишна условна казна за помагање и поттикнување изнуда.