САКАЛЕ ДА ЈА МАЖАТ ЗА БЕЛГИЈА Бурма и златен ланец му дал на 13-годишно девојче, а за родителите 2500 евра

Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот, се наведува во соопштението на Обвинителството.

494

Притвор во траење од 30 дена им е определен на тројца обвинети за трговија со дете на 13 години, кое требало да биде омажено за Белгиец, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

ОЈО постапувало по кривична пријава на Министерството за внатрешни работи и донело Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.






​„Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку меѓународниот аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз 13-годишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Според МВР, белгискиот државјанин Л.Д.С. од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б., родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка, односно дете со неполни 14 години.

Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Македонија. За да се обезбедат лични документи за патување за детето, Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union од Белгија на Е.А. му испраќал пари во различен износ.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, бил извршен претрес на домот и во други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода. Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје.

За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

Поврзани содржини