САКАЛА ДА СТАНЕ ПОЗНАТА ПИСАТЕЛКА Која е ќерката на „британскиот Бил Гејтс“, еден од шестемина од потонатата јахта кај Сицилија?

Врсниците ја опишуваат Хана како нежна, љубена и смешна, но и како жестока феминистка која сакала да стане писателка и да студира англиски јазик на Универзитетот Оксфорд. Нејзиното средно училиште Латимер во Хамерсмит во Лондон изрази сожалување.

559

Ќерката на познатиот британски милијардер Мајк Линч кој е еден од шестемина исчезнати во потонатата јахта кај Сицилија – сакала да стане писателка. Додека уште нема трага ни глас од преостанатиот екипаж во мистериозното потонување на луксузната „Баезиан“, другарките на 18-годишната Хана жалат по својата другарка.

Тие ја опишуваат Хана како нежна, љубена и смешна, но и како жестока феминистка која сакала да стане писателка и да студира англиски јазик на Универзитетот Оксфорд. Нејзиното средно училиште Латимер во Хамерсмит во Лондон изрази сожалување.






Тешкотијата во пронаоѓањето на преостанатите шестемина од екипажот на „Баезијан“, меѓу другото, е што бродот е добро сочуван на дното на морето. Она што излезе како интересна вест во западните медиуми вчера е дека милијардерот Линч во јуни оваа година бил ослободен од тешки обвиненија и од потенцијална затворска казна, па „Дејли Телеграф“ напиша дека тој го организирал патувањето за да ја прослави слободата.

Партнерот на Линч кој исто така беше дел од судскиот процес загина во болница во Велика Британија на денот кога јахтата потона, а два дена претходно доживеа сообраќајна несреќа.

 

Медиумите исто така пишуваа за смс-пораката која ја испратила преживеаната Ајла Роналд штом ја извлекле од водата.

„Имаше мртви луѓе“, му напишала Роналд на татко си, во само три зборови.

Денеска спасувачуите ќе се обидат да ја прегледаат внатрешноста на потонатата јахта со подводни дронови. Според експертите, шестемината по кои се трага не имаат голема шанса да преживеат бидејќи, дури и да останале заглавени во делот од бродот каде има воздух, не би издржале толку долго време со толку малку воздух.

Во вторникот вечерта, специјални нуркачи неуморно се обидуваа да ја истражат јахтата што лежеше на морското дно. Како што навеле, на нивниот пат имало „планина од нешта“ која ги спречила да влезат во собите на јахтата, а нуркачите имаат само десет минути за пребарување, а потоа треба да излезат на површина.

Поврзани содржини