САКАЛ ВОЗАЧКА СО ЛАЖНО СВИДЕТЕЛСТВО Прилепчанец со завршено четврто одделение мамел дека има осмо

49-годишник изработил лажно свидетелство за да се запише во автошкола, иако имал завршено само четврто одделение.

0

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против 49-годишен прилепчанец кој се обидел со фалсификуван документ да се запише во автошкола.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, против Н.А. (49) е поднесена пријава поради сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“.






Истражителите утврдиле дека во септември 2025 година тој изработил лажно свидетелство на свое име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.

Целта му била со документот да се пријави во автошкола за полагање возачки испит, иако, според наводите, имал завршено само четврто одделение.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини