САКАЛ ДА ПРОДАДЕ 549 КАМИКАЗИ ДРОНОВИ, ЕКСПЛОЗИВ И ОРУЖЈЕ Украински војни се соочува со затворска казна од 7 години

Украински војник е уапсен по откривање на 549 камикази дронови, 80 кг експлозив и илјадници детонатори, при обид да ги продаде на црниот пазар.

144

Во Украина, безбедносните служби открија шокантен арсенал во домот на еден украински војник. Тој се обидувал да продаде 549 камикази дронови на црниот пазар, заедно со 80 килограми експлозив, 2.500 електрични детонатори и 74.000 долари.

Војникот бил уапсен при обидот да продаде два митралеза за 175.000 гривни, што е околу 3.400 евра. Според информациите од украинските безбедносни служби, лицето сега се соочува со затворска казна од седум години.






Овој случај ја открива сериозноста на проблемот со нелегалната трговија со оружје во Украина, особено во време на воен конфликт, и ја потврдува решеноста на властите да ги спречат обидите за продажба на воена опрема на црниот пазар.

Поврзани содржини