САКАЛ ДА ПРЕНЕСЕ МУНИЦИЈА ПРЕКУ ГРАНИЦА Уапсен е Македонец на српско-хрватската граница

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека македонскиот државјанин е осомничен за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

350

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Северна Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јави Бета.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека македонскиот државјанин е осомничен за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.






Одредена му е мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Поврзани содржини