САКАЛ ДА КИДНАПИРА МАЛОЛЕТНИЧКА СРЕДЕ ГОСТИВАР Приведен е 26-годишник
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција.