САКАЛ ДА ИСЕЧЕ КАБЛИ, НАПРАВИЛ ЕКСПЛОЗИЈА Велешанец се обидел да краде од трафостаница на ЕВН

Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

167

Велешанец е приведен откако се обидел да изврши кразба во трафостаница на ЕВН, соопшти полицијата.

Вчера во 10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М. (44) од Велес, кој се сомничи дека на 05.11.20222 во 22.40 часот на улицата 8-ми Септември во Велес со употреба на алат се обидел да изврши тешка кражба од трафостаница на ЕВН, но не успеал. Притоа настанала експлозија откако се обидел да исече кабли.






Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Поврзани содржини