Сакал да ја запроси со стотици запалени свеќи, па случајно го запалил станот ФОТО

558

Романтично момче од Велика Британија случајно предизвикал пожар во станот, откако запалил стотици свеќи за да ја запроси девојката.

Во собата исполнета со балони, тој оставил стотици запалени свеќи додека отишол по девојката во пресрет на големиот момент. Но, кога парот пристигнал во станот во Шефилд, пожарникарите веќе биле на пат.






Никој не е повреден во пожарот што избувнал во понеделникот вечерта, а девојката се согласила да се омажи за неименуваниот романтичар.

Пожарникарите во Јоркшир ги споделија фотографиите од сцената по пожарот на Фејсбук.

„Ова требаше да биде сцена на романтично запросување“, напишале на Фејсбук, додавајќи дека станарот отишол во град, но кога се вратил со девојката – станот веќе горел. „Виновник? Погодивте – свеќичките“.

„За среќа, нашите пожарникари брзо го изгасија пожарот и никој не е повреден. И како бонус, таа рекла „ да““, додале тие, но исто така предупредиле дека свеќите можат да бидат опасни. „Ве молиме, изгасете ги правилно кога ќе завршите, не ставајте ги во близина до запаливи предмети, како што се завеси, и не оставајте стотици од нив без надзор“.

 

 

FOTO: Fejsbuk

Поврзани содржини