📽️ САКААТ ДА ВОЗАТ БЕЗ ВОЗАЧКА И ДА НЕ ИМ СЕ ЗЕМЕ ВОЗИЛОТО Протести во неколку градови во Македонија, се блокираат патишта со палење на гуми
Протести поради одземени возила попладнево избија во Кочани, Струмица, Прилеп, Штип и на дел од регионалниот правец кај Битола.
Попладнево на повеќе локации низ земјава се одржуваат протести поради одземањето на возила, при што на одредени места дојде и до нарушување на јавниот ред и мир.
Покрај блокадата на патот Битола-Ресен во Штип, демонстрантите запалија гуми на улица, по што интервенираше Пожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата.
Надлежните служби ја следат состојбата и апелираат до граѓаните протестите да се одвиваат мирно и без загрозување на безбедноста и имотот.
Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, попладнево во кочанската населба Трајаново Трло беше одржан протест, кој се одвиваше на улицата Цветан Димов во Кочани. Како израз на револт, демонстрантите запалија гуми, при што настанаа чад и краткотрајна блокада на улицата.
View this post on Instagram
По кратка, но тензична интервенција, на терен излегоа пожарникарски екипи и полициски службеници, кои го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и загрозување на безбедноста на граѓаните.
Од надлежните институции се очекува соодветно постапување, имајќи предвид дека ваквиот начин на искажување незадоволство, со палење гуми и нарушување на јавниот ред и мир, претставува кривично дело според важечките закони. Засега нема официјални информации за приведени лица или за дополнителни мерки, но институциите најавуваат дека ќе реагираат согласно законските надлежности.
Вечерва транзитниот пат во Струмица, кај Ромското маало е под блокада од група граѓани. Тие се снимаат на социјалните мрежи говорејќи револтирано за казните кои Министерството за внатрешни работи започна да ги издава во рамки на системот „Безбеден град“.
Струмичани исто така вечерва можеа да забележат чад и оган во овој дел на градот.
Според информациите групата граѓани запалиле гуми на патот, што дополнително придонесува за загадувањето на воздухот – проблем со кој Струмица се соочува подолг период.
Екипи на СВР Струмица и ТППЕ Струмица се на терен.
View this post on Instagram
По блокадата на магистралниот пат Битола-Охрид со запалено ѓубре, жители од битолската ромска населба Баир слегоа да протсетираат пред Судот и Полицијата во Битола. Протестите настанаа откако полицијата на неколкумина им ги одзеде возилата кога ги затекна дека возат без возачки дозволи. Сега, тие бараат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да најде друг начин да добијат возачка дозвола без да полагаат возачки испит зашто се необразовани, или да си даде оставка.
View this post on Instagram
– Немаме ништо против полицијата. Ние сме без возачки дозволи и без школо. Ни ги зедоа возилата, а со нив децата ги раниме. Бараме да се најде начин да добиеме возачки. Нека дојди инструкторот нека вози со мене да види дали не знам правила. Ако знам да возам нека ми даде возачка, ќе си платам. Ако не е возилото ќе умреме за леб – рече Рафет Мемишовски, кој говореше на протестот.