САКААТ ДА СЕ ОБРАЗУВААТ Протест на девојчиња во Авганистан

Откако се вратија на власт минатата година, талибанците им забранија на девојчињата да се школуваат по шесто одделение.

101

Група тинејџерки денеска излегоа на улиците на главниот град на авганистанската провинција Пактија за да го побараат своето право на образование, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми.

На снимките што ги објави TOLOnews се гледаат десетици девојчиња во училишни униформи како маршираат на улица во градот Гардез.






Во Пактија мнозинството население е од паштунска етничка припадност и доминираат конзервативни племенски традиции. Покраината е исто така упориште на заменик-врховниот лидер и министер за внатрешни работи на талибанците, Сираџудин Хакани.

– Зошто ни ги затворивте училиштата? Зошто си играте со нашите чувства? – прашува низ солзи една девојка на едно од објавените видеа.

Минатата недела беше објавено дека локалните власти отвориле пет средни училишта за ученички на барање на племенските старешини.

Откако се вратија на власт минатата година, талибанците им забранија на девојчињата да се школуваат по шесто одделение.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека ова прашање ќе биде истражено, додавајќи дека само Министерството за образование на талибанците има овластување да одлучува за такви прашања.

Поврзани содржини