САКАА МАКСИМАЛНА ШТЕТА, УДРИЈА СО 400 ДРОНОВИ Зеленски го осуди масовниот напад врз енергетската мрежа

Западни медиуми оценуваат дека масовниот напад се случил во чувствителен момент, непосредно пред мировните разговори во Женева. Во ударот биле употребени речиси 400 дронови и 29 ракети, при што биле погодени 12 региони, а дел од нападите се насочиле кон енергетската инфраструктура.

254

Русија лансирала речиси 400 дронови и 29 ракети во координиран напад врз Украина, погодувајќи 12 региони и оставајќи десетици илјади луѓе без греење и вода. Нападите доаѓаат само часови пред преговорите за можен мир кои започнаа во Женева, пишува „Гардијан“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека целта билe енергетскиот сектор на Украина и предизвикување максимална штета.






– Тоа беше комбиниран удар, намерно пресметан да предизвика што е можно поголема штета на нашиот енергетски сектор – изјави Зеленски.

Според него, воздушната одбрана соборила значителен број дронови и ракети, но дел од проектилите погодиле инфраструктура. Во Одеса десетици илјади луѓе останале без греење и водоснабдување.

Повредени се 9 лица, меѓу нив и деца. Оштетени се повеќе од 10 станбени згради, како и железничка инфраструктура.

Надлежните служби работат на санирање на последиците. Зеленски ги повика западните партнери на посилен одговор.

– Русија мора да одговара за својата агресија. Моќта на притисокот врз Руската Федерација, санкции и постојана поддршка за нашата воздушна одбрана, се клучни – рече тој.

Тој додаде дека мирот ќе биде возможен само ако се делува врз, како што нагласи, „единствениот извор на оваа агресија“.

Поврзани содржини