📷 САГАТА ЗА ДОПИНГОТ ПРОДОЛЖУВА Убавата Ана Калинскаја му кажа збогум на Синер
Откако пак се покажа позитивен на тестот за допинг осум дена по првичниот скандал, италијанскиот тениски ас се соочи со нови лоши вести.
Тенисерката Ана Калинскаја му раскина на своето момче, светскиот тениски Јаник Синер поради скандалот со допинг, пишува „Газета дело Спорт“. Италијанскиот тенисер падна на допинг тест кога во крвта му беше откриено недозволено количество стероид за градење мускулна маса.
По осум дена, на повторен тест, тенисерот пак беше позитивен. Неговата суспензија траеше само неколку дена, а набрзо го чекаа други лоши вести.
Синер и Калинскаја заедно патуваа на турнири, а Ана моментално е 15-та тенисерка во светот.
Синер може да биде исфрлен од учество во претстојниот турнир УС Опен. Иако АТП првично го ослободи Синер од обвиненијата со образложение дека неговиот тренер згрешил што му дал спреј со недозволена супстанца, потоа интервенираше Светската антидопинг агенција ВАДА која реши одново да го разгледа случајот.
View this post on Instagram