САГАТА ОКОЛУ ПОГБА ПРОДОЛУЖУВА Французинот ќе остане во Јунајтед, барем до крајот на сезоната

Челниците на Јунајтед се свесни дека Погба од 1 јануари може да преговара со други клубови. Сепак, не размислуваат да го продадат бидејќи се надеваат дека фудбалерот ќе го продолжи договорот.

350

Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба ќе остане до крајот на сезоната во Манчестер јунајтед.

Погба по завршувањето на сезоната, ќе замине од „Олд Трафорд“ како слободен играч.






Челниците на Јунајтед се свесни дека Погба од 1 јануари може да преговара со други клубови. Сепак, не размислуваат да го продадат бидејќи се надеваат дека фудбалерот ќе го продолжи договорот.

Погба нема одиграно натпревар од почетокот на ноември кога го повреди бутниот мускул.

Наводно за него се заинтересирани ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Поврзани содржини