САЕМОТ НА КНИГА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА ОТВОРЕНО Изборот на издавачи засега тајна
Саемот ќе се одржи од 8 до 14 сптември во кугот на СЦ „Борис Трајковски“.
Саемот на книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8.до 14 септември.
Мотото и оваа година е „безбедни саеми“ што покажува дека саемот ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.
– Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња – вели организаторот.
Организаторот засега не открива колку издавачи и од каде ќе учетвуваат на овој саем.
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.