САЕМ ЗА МЕБЕЛ ОД 20 МАРТ Најавено е учество на 70 домашни и интернационални брендови

Освен големата понуда на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали... Ќе следуваат големи саемски попусти.

421

Под мотото „Освежи го својот дом“ на 20 март во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне годинашниов Саем на мебел. Ќе се претстават над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.

Саемот на мебел ќе се одржува пет дена, до 24 март. Сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.






Освен големата понуда на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали… Ќе има и големи саемски попусти.

Минатото издание на Саем на мебел пречека над 15.000 посетители. 

Поврзани содржини