САЕМ НА МЕДОТ ВО СКОПЈЕ Ќе може да се дегустира и купи мед и пчелни производи

Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот од денеска до недела. 

289

Мед, пчелни производи и пчеларска опрема се изложени на петтиот пчеларски саем, кој од денеска до недела се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

На саемот ќе учествуваат производители на мед и на пчелни производи, кои ќе им понудат на потрошувачите да дегустираат и да го разликуваат вистинскиот од лажниот мед.






Главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а домаќин Град Скопје. Организатор е ПФМ (Пчеларска федерација на Македонија).

Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот.

Поврзани содржини