Садомазохизам: Дамиано Давид се бакнува со тапанарот во новиот спот на „Манескин“ (ВИДЕО)

1,840

Победниците на годинашниот натпревар за песна на Евровизија, италијанскиот бенд „Манескин“, објавија видеоспот за нивната песна „I Wanna Be Your Slave“.

За само неколку часа, видеото собра над милион прегледи.






Во видеоспотот, членовите на бендот позираат во долна облека, садомазохистичка опрема, танцуваат и се допираат со јазиците.

Дамиано Давид, по кого жените ширум светот полудеа по Евровизијата, позирал во долна облека, а во еден дел страсно го бакнува тапанарот.

„Ова е и рај и пекол“, „Ќе го сруши интернетот“, „Ова видео е чиста уметност“, се само некои од коментарите под видеоспотот.

Песната официјално излегува утре, а веќе се искачи на првото место на музичките топ листи во неколку европски земји.

Поврзани содржини