Садику: Во Студеничани дури сега граѓаните поверуваа дека постои коронавирус

1,670

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, преку емисијата „Топ тема“ апелираше до своите сограѓаните да избегнуваат поголеми собирања и максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, откако денеска позитивно на вирусот е петчлено семејство од оваа општина.

– Иако преку општината преземавме сериозни мерки на заштита, апелирам на максимална дисциплина за да спречиме понатамошно ширење на вирусот, за да си ги спасиме нашите и животите на нашите семејства. Комуницирам и со верските службеници, уште пред празникот ним им дадовме наредба да апелираат граѓаните да не излегуваат од дома за да може да се победи тоа зло – рече Садику.






Во моментот, во Студеничани има 13 заразени од коронавирусот кои се на домашно лекување и се чувствуваат добро, а еден жител на општината почина, рече Садику.

Според него, во Студеничани немало поголемо собирање на граѓаните, но рече дека особено на почетокот, тие не верувале дека има вирус и голем дел не се придржувале кон мерките.

– Последните два-три дена луѓето сепак ја сфатија опасноста и избегнуваат поголеми контакти. Затоа можеби нема да има потреба од карантин на општината, но мора строго почитување на мерките на заштита – вели Садику.

 

 

Поврзани содржини