САД ЗАСЕГА НЕ НЀ САКААТ ВО НАТО, АМА ПОЛИТИЧАРИТЕ УМИРААТ Зеленски упати незгодна порака до Трамп

Украинскиот претседател Володомор Зеленски одржа прес-конференцијата во Европскиот совет, по одлуката на Украина да ѝ се одобри европски заем од 90 милијарди евра, на што многу се заблагодари. 

724

 

Украинскиот претседател Володомор Зеленски упати незгодна порака до американскиот претседател Доналд Трамп, дека ставот на САД за членството на Украина во НАТО може да се промени затоа што „политичарите се менуваат и умираат“.






Тој одржа прес-конференцијата во Европскиот совет, по одлуката на Украина да ѝ се одобри европски заем од 90 милијарди евра, на што многу се заблагодари.

Во поопширен одговор на новинарско прашање во врска со можното членство на Украина во НАТО рече дека САД и поранешниот претседател Џо Бајден го поддржувале, но во моментот САД не даваат поддршка на такво членство.

– Соединетите Американски Држави не нè гледаат во НАТО засега. Сè во нашиот живот е „засега“. Можеби ставот ќе се промени во иднина. Политичарите се менуваат, некои живеат, некои умираат. Тоа е животот – одговори Зеленски.

 

 

Поврзани содржини