САД: За една недела повеќе од 4,4 милиони барања за надоместок за невработени

Ова е досега невиден број апликации и е резултат на масовни мерки за изолација во земјата во обид да се запре ширењето на ковид-19.

389

Повеќе од 4,4 милиони работници во САД побараа надоместоци за невработеност минатата недела, со зголемување на отпуштањата во земја во која економијата е речиси во мирување, како резултат на мерките за спречување на коронавирусот, соопшти денеска Министерството за финансии.

Тоа е помалку од минатата недела кога 5,2 милиони луѓе аплицираа за такви надоместоци, но сепак е на историско високо ниво.






Досега, околу 26 милиони луѓе во САД се регистрирале како невработени во петте недели откако милиони работодавци биле принудени да ги затворат своите врати од појава на епидемија на коронавирусот.

Ова е досега невиден број апликации и е резултат на масовни мерки за изолација во земјата во обид да се запре ширењето на Ковид-19.

Еден од шест американски работници го загуби своето работно место од средината на март, што е далеку највисоката стапка на отпуштање досега. Економистите прогнозираат дека стапката на невработеност би можела да достигне до 20 проценти во април. зш/

2020-04-23 16:05:01, од Златко Шумковски

Поврзани содржини