САД ВОВЕДУВААТ ВИЗНИ ОГРАНИЧУВАЊА Ќе важат за странски функционери кои ја олеснуваат илегалната миграција
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека воведува политика на визни ограничувања за странски владини службеници и други поединци за кои се верува дека се одговорни за олеснување на илегалната имиграција во САД, објавија британските медиуми.
Новите политики се насочени кон имиграцијата, царинските служби, аеродромските и пристанишните службеници и други за кои е „познато дека го олеснуваат шверцот на странци со намера илегално да имигрираат во САД преку југозападната граница на земјата“, се наведува во соопштението на Рубио.