САД ВЛЕГОА ВО НЕИЗВЕСНОСТ, ВЛАДАТА ОСТАНА БЕЗ БУЏЕТ Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за метрото во Њујорк
Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор за продолжување на финансирањето на државните програми до истекот на рокот денеска.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекина издвојувањето на 18 милијарди долари наменети за изградба на железнички тунел под реката Хадсон и проширувањето на метро линијата „Секонд Авени“ во Њујорк, поради прекин на финансирањето на сојузните институции.
Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор за продолжување на финансирањето на државните програми до истекот на рокот денеска, поради што владата и федералните агенции престанаа да работат. Конгресот не усвои привремен буџет, а вработените се плашат од отпуштање.
Се очекува околу 750.000 сојузни службеници да бидат испратени на приуден одмор, додека дел од нив би можеле да бидат трајно отпуштени.
Републиканците и демократите да ја префрлат вината еден на друг, а претседателот Доналд Трамп остро и очекувано ги обвини демократите дека „сакаат да ја затворат владата“.
Ова се случи откако и демократите и републиканците одбија да попуштат во конфликтот околу трошоците за здравствена заштита.
Предлогот на демократите за продолжување на финансирањето на владата беше отфрлен со 53 гласа „за“ и 47 „против“ во Сенатот. Потоа предлогот на републиканците доби 55 гласа, што беше сепак за 5 помалку од прагот потребен за да се спречи затворање на федералната влада. Просто мнозинство не е доволно за да се усвои закон за финансирање на владата.