„САД СТАНУВААТ БАНАНА РЕПУБЛИКА“ Руската телевизија се мајтапи со одлуката на Трамп да му биде забрането да се трка за претседател во Колорадо

Коментарот за „банана држава“ го даде руската новинарка Олга Скабаева, која некои ја нарекуваат „железната кукла на Путин“.

2,976

Соединетите Американски Држави беа исмејувани дека „сè повеќе стануваат како „банана република” на руската државна телевизија поради одлуката на сојузната држава Колорадо да забрани името на поранешниот претседател Доналд Трамп да се појави на избирачкото ливче на претстојните претседателските избори идната 2024 година, пишува Њузвик.

Лани на руската телевизија за Трамп беше прикажан едноминутен прилог насловен „Прогон на главниот патриот на Америка“. Овојпат фокусот е на самата одлука за гласачкото ливче. Коментарот за „банана држава“ го даде руската новинарка Олга Скабаева, која некои ја нарекуваат „железната кукла на Путин“.






Кој во Колорадо му забрани на Трамп да се трка за претседател? Оваа забрана ја донесе Врховниот суд на земјата, откако мнозинството судии одлучија дека Трамп не е подобен да се трка за претседател поради тоа што тој учествувал во бунтот во Капитолот на 6 јануари 2021 година. Судиите се повикуваат директно на амандманот 14 од уставот на САД со кој се забранува службеници кои биле вклучени во бунт или дале поддршка или утеха за истиот повторно да бидат на функција.

Засега Трамп ќе може да се трка во сите останати сојузни држави на САД.

Трамп исто така вети дека ќе поднесе жалба на оваа одлука, a крајната одлука ќе ја даде Врховниот суд на САД во кој доминираат судии конзервативци. Во меѓувреме американските медиуми шпекулираат за тоа дали ова ќе му оневозможи на Трамп да стигне до Белата куќа на изборите, а анализите се дека неговиот можен успех сигурно ќе биде отежнат.

Интересно е дека обвинението за Трамп за втор импичмент поради учеството во настаните во Капитолот не беше изгласно во Сенатот поради немање двотретинско мнозинство кај сенаторите.

Во моментот тој се суди за даночни измами.

На неговиот најнов митинг во Њу Хемпшир Трамп негираше дека ја читал книгата „Мајн Кампф“ од Адолф Хитлер, коментирајќи ја илегалната миграција во САД.

– Тоа е тоа што тие (мигрантите) го прават. Тие ја уништуваат нашата земја. Не им се допаѓа кога го кажувам тоа. Никогаш не сум ја читал „Мајн Кампф“ – порачал Трамп, додавајќи дека Хитлер тоа го кажал „на многу поинаков начин“, пренесува „Њујорк Тајмс“.

 

 

 

 

Поврзани содржини