САД СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА АЛБАНИЈА Групи поврзани со Иран можат да нападнат хотели и молови

Амбасадата на САД во Албанија предупредува на можни напади на јавни локации во Албанија од групи поврзани со Иран. Апелира до граѓаните на зголемена претпазливост и следење на локалните информации.

159

Амбасадата на САД во Тирана издаде предупредување за можна закана во Албанија. Посочува дека групи поврзани со Иран би можеле да таргетираат цели поврзани со САД.

Како потенцијални цели се наведуваат ирански опозициски структури, но и јавни локации со поголема фреквенција на луѓе. Во соопштението се наведува дека можни цели се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Станува збор за простори со зголемена посетеност.






„Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие исто така може да таргетираат вообичаени локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги поттикнуваме граѓаните на САД да бидат претпазливи“, се вели во соопштението.

Амбасадата им препорачува на американските државјани да бидат внимателни и редовно да ги следат локалните медиуми.

„Бидете свесни за вашата околина и прегледајте ги вашите лични планови за безбедност и држете го мобилниот телефон наполнет во итен случај“, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини