САД СО НОВ ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД 7 СЕПТЕМВРИ Габриел Ескобар ќе го замени Метју Палмер

Ескобар важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат.

317

Актуелниот заменик – амбасадор на САД во Србија, Габриел Ескобар ќе го замени Метју Палмер на функцијата претставник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, која ќе ја преземе на 7 септември.

Дипломатот од кариера Ескобар потврди дека ќе ја преземе новата должност од 7 септември.






– Назначувањето е официјално, и јас ќе ја преземам функцијата на 7 септември – рече Ескобар.

На својата нова позиција, Ескобар ќе биде задолжен за решавање бројни прашања на Западен Балкан, како и за дијалогот меѓу Србија и Косово.

Тој важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат.

Две години, од август 2019 година, Ескобар беше заменик -амбасадор на САД во Белград, до доаѓањето на Ентони Годфри го раководеше американското дипломатско претставништво во Србија.

Претходно служеше во Багдад. 

Поврзани содржини