САД СО МЕСЕЦИ Ѝ ИСПРАЌААТ ТАЈНИ ПОРАКИ НА МОСКВА Предупредуваат на последиците од нуклеарен напад
Администрацијата на Бајден во своите пораки не кажува сосема јасно какви би биле последиците од употребата на нуклеарно оружје, па Кремљ е загрижен за тоа како Вашингтон би можел да одговори, изјавиле официјалните лица за Вашингтон Пост и побарале да останат анонимни.
САД веќе со месеци испраќаат тајни приватни пораки до Москва во кои ги предупредуваат руските власти за сериозните последици од употребата на нуклеарно оружје. Така барем тврдат американски претставници за Вашингтон пост. Според весникот, тие пораки „го нагласуваат она што претседателот Бајден и неговите соработници јавно го артикулирале“.
„Администрацијата на Бајден во своите пораки не кажува сосема јасно какви би биле последиците од употребата на нуклеарно оружје, па Кремљ е загрижен за тоа како Вашингтон би можел да одговори“, рекоа официјалните лица, кои побараа анонимност.
Истите извори тврдат дека Стејт департментот бил вклучен во приватните комуникации со Москва, но одбиле да кажат кој и до кој степен ги пренесувал пораките.

Исто така, не е јасно дали САД испратиле нови приватни пораки неколку часа по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој тој најави делумна мобилизација, но висок американски функционер изјавил дека комуникацијата била конзистентна и дека се одвивала во последните неколку месеци.
Во интервју за Си-Би-Ес што се емитуваше во неделата, Бајден беше запрашан што би му рекол на Путин за употребата на нуклеарно оружје во конфликтот против Украина.
– Не. Не. Не – рече Бајден.
– Ќе го промените ликот на војната како што не се променило од Втората светска војна – додаде тој.
Бајден, сепак, одби да објасни како САД ќе одговорат на рускиот напад, велејќи само дека одговорот ќе биде „конзистентен“ и ќе зависи „од руските акции“.