САД СЕ МЕШАAT ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА ГРЕНЛАНД Егеде вели дека не е планирана средба со американската делегација што ќе го посети островот

Според соопштението на Белата куќа, Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, ќе го посети автономниот дански регион в четврток, придружувана, според медиумите, од советникот за национална безбедност Мајк Волц.

937

Премиерот на Гренланд во заминување, Муте Егеде, го обвини Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Гренланд кој е под суверенитет на Кралството Данска, а претстојната посета на американската делегација ја нарече странско мешање, објави Франс 24.

Егеде денеска објави на социјалната мрежа Фејсбук дека нема да се одржи средба меѓу преодната влада на Гренланд и високата американска делегација, која треба да ја посети земјата подоцна оваа недела. Ова соопштение доаѓа поради загриженоста за намерите на САД кон оваа територија, јави ДПА.






Според соопштението на Белата куќа, Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, ќе го посети автономниот дански регион в четврток, придружувана, според медиумите, од советникот за национална безбедност Мајк Волц. Претседателот Доналд Трамп повеќепати изрази интерес за преземање на Гренланд од безбедносни причини и поради неговите стратешки минерали.

Сопругата на Венс и нејзиниот син планираат да посетат историски локалитети за да се запознаат со наследството на островот и да присуствуваат на традиционални трки со кучиња на санки во Сисимјут на западниот брег. Егеде нагласи дека оваа посета не може да се смета за чисто приватна.

„Добро разбирам дека може да постои загриженост“, напиша тој, додавајќи дека Гренланѓаните неодамна биле третирани на неприфатлив начин, несоодветен за блиски пријатели и сојузници.

– Данската полиција испрати дополнителни полициски сили со дресирани кучиња на Гренланд за да ги зајакне безбедносните мерки – изјави вчера портпаролот на данската национална полиција Рене Гилденстин.

Синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, го посети главниот град Нук во јануари, привлекувајќи медиумско внимание.

Пред една недела, стотици Гренланѓани протестираа во Нук и во други центри против плановите на Трамп за преземање на островот. Данска, која ги води надворешните работи и одбраната на Гренланд, инсистира дека Гренланѓаните сами треба да одлучат за својата иднина и евентуална независност од данската круна. По изборите на 11 март, на островот се формира нова коалиција, а локалните избори се закажани за 1 април.

Поврзани содржини