САД САКААТ ДА ГО КУПАТ, А НЕ ДА ГО ОСВОЈАТ ГРЕНЛАНД Рубио ќе се сретне со колегите од Данска и од Гренланд
Рубио, повторувајќи го ставот на Белата куќа изнесен претходно оваа недела, не ја исклучи можноста за воена интервенција на САД за стекнување на Гренланд доколку претседателот Доналд Трамп смета дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД.
Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе се сретне со данските претставници следната недела, по обновениот интерес на САД за данскиот остров Гренланд.
Неговите коментари дојдоа откако министерот за надворешни работи на Гренланд и министерот за надворешни работи на Данска побараа средба со највисокиот американски дипломат.
Рубио, повторувајќи го ставот на Белата куќа изнесен претходно оваа недела, не ја исклучи можноста за воена интервенција на САД за стекнување на Гренланд доколку претседателот Доналд Трамп смета дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД.
– Секој претседател секогаш ја задржува таа опција. Не зборувам конкретно за Гренланд, но генерално, ако претседателот идентификува закана за националната безбедност на Соединетите Американски Држави, секој претседател ја задржува опцијата да одговори со воени средства – рече Рубио.
Тој нагласи дека намерата на Трамп отсекогаш била да го купи Гренланд, потсетувајќи дека тој јасно ја искажал оваа идеја за време на неговиот прв мандат.
– Ова не е ништо ново, тој зборуваше за тоа во својот прв мандат. И тој не е првиот американски претседател кој размислува како САД би можеле да го добијат Гренланд. Претседателот Хари Труман размислуваше за таква опција – рече Рубио.
И во понеделникот, по затворен брифинг во Белата куќа Рубио рече дека администрацијата на САД не планира инвазија врз Гренланд, туку сака да го купи островот од Данска.
Според сенаторот Линдзи Греам, агресивните изјави се дел од преговарачка стратегија.
Трамп ги отфрли понудите од Копенхаген за поголемо американско воено присуство и за економска соработка, а анкетите покажуваат дека жителите на Гренланд во најголем дел се против приклучување кон САД.
Европските сојузници реагираа со загриженост, предупредувајќи дека евентуален напад врз Гренланд, автономна територија на Данска, би го нарушил НАТО сојузот. Данската премиерка Мете Фредериксен порача дека напад врз членка на НАТО би значел крај на меѓународниот поредок каков што го познаваме.
Данското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека во случај на американска инвазија на Гренланд, данските војници имаат јасна и недвосмислена наредба – веднаш да одговорат со оружје, без чекање дополнителни инструкции. Станува збор за воена директива донесена уште во 1952 година, која и натаму е на сила.
Според данскиот весник „Берлингске“, директивата од 1952 година предвидува дека во случај на напад, „нападнатите сили мора веднаш да стапат во борба, без чекање или барање наредба, дури и ако командниот кадар формално не е известен за објава на војна или воена состојба“. Од Министерството за одбрана на Данска кусо потврдијс дека „наредбата за мерки на претпазливост за воена одбрана во случај на напад и во време на војна останува во сила“.
Заканувачките изјави на Трамп предизвикаа итни консултации меѓу европските сојузници.
Висок европски дипломат вели дека во последните денови е забележлива значајна промена во тонот на разговорите. Поранешниот француски премиер Доминик де Вилепин упати остро предупредување дека доколку САД го нападнат Гренланд, би станале непријател на европските членки на НАТО.
– Во ниеден случај Европа не смее да прифати нарушување на европскиот суверенитет. Напад на една членка на НАТО врз друга би бил настан без преседан – изјави де Вилпен, предупредувајќи дека таков потег би претставувал „огромна историска промена“ во односите меѓу САД и Европа.
НИКОЈ НЕМА ДА МРДНЕ СО ПРСТ, ЗА ДА НИ ПОМОГНЕ Итен состанок во Данска за судбината на Гренланд