САД ПРОТИВ РУСКИТЕ РАКЕТИ СО….БАЛОНИ? Новите напредни цепелини ќе следат, шпионираат и ќе известуваат

Балоните на надувување во форма на солза собираат сложени податоци додека летаат и се водени од паметни алгоритми. Тие се многу поевтини од сателитите или авионите за извидување, а имаат вештачка интелигенција со која 24 часа дневно ќе бидат управувани. Можат да вршат разни мисии. Ова би требало да им ја замати водата на Русија и Кина кои предничат во хиперсоничното вооружување.

585

САД со години каскаат позади Русија и Кина со хиперсоничното оружје, а решение за ова би било враќањето кон старите добри цепелини? Американското министерство за одбрана сериозно размислува да потроши 27,1 милиони долари до 2023 година за напредни стратосферски балони опремени со вештачката интелгенција кои ќе детектираат хиперсонични ракети, ќе ги замајуваат и ќе вршат бројни други мисии, открива порталот Политико кој имал пристап до воениот буџет на САД.

Всушност, Пентагон веќе потрошил 3,8 милиони долари за вакви проекти чија прва намена би била да го надгледуваат нивниот штаб.






Проект Ладна Ѕвезда, жежок балон

Ваквите стратосферски балони можат да помогнат во работата што ја вршат традиционалните авиони и сателитите за надзор. Исто така, тие можат да бидат изградени и лансирани многу брзо, а се многу поевтини од авионите и сателитите. На пример, трошоците за лансирање и управување со балон во текот на неколку недели или месеци чинат стотици илјади долари, додека милиони или десетици милиони долари се потребни за производство и управување со авиони или сателити.

Паметните балони би можеле да бидат корисни таму за поддршка на скапите сателити во следењето на таквите проектили. Овие балони на надувување во форма на солза собираат сложени податоци додека летаат и се водени од паметни алгоритми.

Вака нашироко беше напишан проектот„COLD STAR“, во превод Ладна Ѕвезда, дизајниран да ги лоцира шверцерите на дрога во 2019 година. Пентагон потоа лансираше 25 паметни балони за надзор како дел од програмата, но деталите за операцијата се доверливи.

извор: јутјуб

Паметните алгоритми деноноќно ќе работат

Балоните ги произведува компанијата „Raven Aerostar“. Од фирмата велат дека тие имаат систем за контрола на летот кој работи на батерии кои се полнат преку соларни панели. Имаат и електроника која ги контролира летот, навигацијата и комуникациите. Ветерот им овозможува на овие балони да летаат по саканата рута, а компанијата се потпира на користење на различни брзини и насоки на ветерот за да го стигне балонот до саканата дестинација.

„Raven Aerostar“ користи паметни алгоритми кои ја предвидуваат насоката на ветерот и ја комбинираат со податоци од сензорот во реално време. Компанијата има софтвер за управување и следење на нивната флота од балони, а одржува и оперативен центар за мисии во кој работат обучени инженери за летови 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Цепелините се користат уште од 1950-тите

НАСА почна да користи хелиумски стратосферски балони уште во 1950-тите, а американската армија експериментира со нив во последниве години, но на пониски височини.

Приватниот сектор исто така инвестира во истражување на балони. „Алфабет“, компанија-сопственик на „Гугл“, користеше балони во 2017 година за да ги врати мобилните комуникации во Порторико по разорниот ураган Марија.

Во средината на 2010-тите, американската војска инвестираше во JLENS, цепелинската програма за шпионажа, која на крајот беше откажана во 2017 година. Овие цепелини беа врзани за земјата за разлика од стратосферските балони и беа дизајнирани за следење на бродови, возила за сите терени, беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Меѓутоа, нивниот контролен цепелин се откачил, летал три часа и на крајот сам слетал во близина на градот Балтимор. Армијата на САД реши да се откаже од оваа програма по три години тестирање. Развојот на проектот JLENS чинеше речиси две милијарди долари.

Помали и полесни балони за подобро шпионирање

Високолетачките балони што сега ги користи американското Министерство за одбрана се помали, полесни и можат да летаат на многу поголема височина од цепелините за шпионирање. Пентагон, исто така, спроведува тестови за да процени како да ги инкорпорира заедно со сателитите во системот за идентификација и таргетирање на целта.

Пронаоѓањето нови методи за следење на целите на теренот е приоритет за Пентагон бидејќи планира да ги повлече авионите за набљудување.

Според експертите, овие балони можат да бидат издржливи, мобилни, флексибилни платформи за секаков вид на воена технологија, без разлика дали се работи за комуникации, пренос на податоци, шпионажа, следење на воздушни закани, проектили, па дури и оружје, и немаат недостаток од сателитите се врзани за орбитата, се заклучува во текстот.

Кина и Русија го изненадија светот

 Во меѓувреме САД прават свои тестови на хиперсонично оружје, но по сите информации досега, тоа оди бавно и со многу грешки и поправки. Кина и Русија, од друга страна, забрзано одат напред.

Кина минатиот август го изненади Пентагон со тестот на хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава, која за малку ќе ја погодеше целта, промашувајќи ја за само четириесет километри.

Русија, од друга страна, почна да го забрзува развојот на своето хиперсонично оружје откако Америка се повлече од договорот за антибалистички ракети во 2002 година, а во март оваа година тврдеше дека истрелала хиперсонична ракета во напад на Украина, што, ако е точно, е прв пат ваква ракета да биде употребена во историјата.

 

Поврзани содржини