САД ПРИВРЕМЕНО ЈА ЗАТВОРИЈА АМБАСАДАТА ВО КИЕВ Се очекува голем руски напад
Предупредувањето на САД доаѓа еден ден откако Украина ги искористи американските ракети АТАКМС за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
САД привремено ја затворија својата амбасада во Киев откако добија „конкретни информации за потенцијално голем воздушен напад денеска“.
„Како општа претпазливост, амбасадата ќе биде затворена, а на персоналот на амбасадата им е наложено да побараат засолниште“, објави Одделот за конзуларни прашања на Стејт департментот на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Во него се наведува и дека „американската амбасада препорачува американските граѓани веднаш да одат во засолниште доколку се огласи предупредување за воздушна закана“.
Ukraine: The U.S. Embassy in Kyiv received specific information of a potential significant air attack on Nov 20. The Embassy will be closed and recommends U.S. citizens be prepared to immediately shelter in the event an air alert is announced. https://t.co/ah0bpDfULK pic.twitter.com/m8cWXCXT2V
— Travel – State Dept (@TravelGov) November 20, 2024
Предупредувањето доаѓа еден ден откако Украина ги искористи американските ракети АТАКМС за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Со месеци Русија го предупредуваше Западот дека доколку Вашингтон дозволи Украина да истрела американски, британски и француски ракети длабоко во Русија, Москва ќе ги смета тие земји директно вклучени во војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на поширок опсег на конвенционални напади, при што нуклеарните ризици се зголемуваат во услови на највисоки тензии меѓу Русија и Западот во повеќе од половина век.