Американската сојузна здравствена агенција препорачала паузирање на употребата на еднократната вакцина на Џонсон и Џонсон, откако шест лица развиле ретки пореметувања кои вклучуваат и згрутчување на крвта.
Сите шест лица се жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена починала, а друга е хоспитализирана во Небраска и е во критична состојба, јавува Њујорк Тајмс.
Сепак американскиот Центар за контрола на заразни болести тврди дека такви несакани ефекти во моментов се многу ретки.
Од 12 април во САД се аплицирани повеќе од 6,8 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон.
Потегот на американските регулатори уследи откако европските регулаторни тела соопштиле дека е во тек истрага за ретки згрутчувања на крвта кај четири лица во САД кои ја примиле вакцината , пишува Ројтерс.