ИРАЧАНИ СИ ГО ПРИСВОИЈА БАЗЕНОТ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ПАЛАТА Пуч во Багдад, САД повикуваат на воздржаност (ВИДЕО)

Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили.

318

САД новите немири во Багдад ги оцени како „вознемирувачки“ и ги повикаа Ирачаните да се воздржат од насилство, при што загинаа најмалку осум лица. Приврзаници на влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и паравоен лидер Моктада ал Садр упаднаа во претседателската палата во Багдад. Во истата зграда се наоѓа и кабинетот на премиерот.

 






– Извештаите за денешните немири во Ирак се вознемирувачки … Ги повикуваме инволвираните да останат смирени, да се воздржат од ова насилство и да продолжат со мирни патишта за решавање политички спорови – изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

 

Осум поддржувачи на ирачкиот свештеник Моктада ал Садр се убиени, а 85 други се повредени во денешните судири што избија во утврдената Зелена зона во Багдад. Ирачката армија воведе полициски час низ целата земја од 19 часот по локално време.

 

Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили.

Некои од нив носеа фотографии од Ал Садр, додека други скандираа „Народот сака да го собори режимот“.

 

Поврзани содржини