САД ПОНИШТИЈА 100.000 ВИЗИ ЗА ЕДНА ГОДИНА Објавено што згрешиле странците кои ги поседувале

Според директивите на Стејт департментот за оваа година, на американските дипломати во странство им било наложено да обрнат посебно внимание на барањата за виза од лица кои Вашингтон би можел да ги смета за непријателски настроени кон САД и кои се вклучиле во политички активизам.

0

Американскиот Стејт департмент објави дека поништил повеќе од 100.000 визи откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата минатата година.

„Досега, Стејт департментот поништи повеќе од 100.000 визи, вклучувајќи приближно 8.000 студентски и 2.500 специјални визи од лица кои биле во контакт со американските органи за спроведување на законот за криминални активности. Ќе продолжиме да ги депортираме овие криминалци за да ја одржиме Америка безбедна“, објави Стејт департментот на платформата на социјалните медиуми X.






-Четирите главни причини за одземање на визите беа пречекорување на рокот на престој, возење под дејство на алкохол, физички напад и грабеж. Тоа е 150% повеќе откажани визи отколку во 2024 година – рече заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

Тој додаде дека, Стејт департментот, исто така, отворил центар за проверка за да се осигури дека „сите странски државјани на американска почва се придржуваат кон законите.

Според директивите на Стејт департментот за оваа година, на американските дипломати во странство им било наложено да обрнат посебно внимание на барањата за виза од лица кои Вашингтон би можел да ги смета за непријателски настроени кон САД и кои се вклучиле во политички активизам.

Поврзани содржини