САД одобриле извонреден лек за слабеење
Терапијата за регулирање на телесната тежина Wegovy ќе го произведува данската фармацевтска компанија Ново Нордиск. Истиот лек, семаглутид, во САД и во други земји одамна се користи како лек против дијабетес. Истражувањата неодамна утврдиле дека семаглутид во поинакви дози делува и како силно и ефектно средство за намалување на апетитот
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) тукушто го одобри новиот лек за слабеење за кој научниците тврдат дека претставува „голема пресвртница“. Станува збор за лек за слабеење кој ФДА го одобрила од 2014 година, пишува хрватски Индех.
Терапијата за регулирање на телесната тежина Wegovy ќе го произведува данската фармацевтска компанија Ново Нордиск. Истиот лек, семаглутид, во САД и во други земји одамна се користи како лек против дијабетес. Истражувањата неодамна утврдиле дека семаглутид во поинакви дози делува и како силно и ефектно средство за намалување на апетитот.
Во просек се губи 15 отсто од тежината
Во студијата Once-Weekly Semaglutide in Adults with Overweight or Obesity, која на почетокот на годинава е објавена во списанието The New England Journal of Medicine, научниците следеле речиси 2.000 гојазни лица од 16 различни земји кои зеле семаглутид и покажале дека во просек по долготрајна терапија тие изгубиле 15 отсто од почетната тежина.
Некои изгубиле и повеќе, односно 30 отсто од испитаниците изгубиле и повеќе од 20 отсто од нивната телесна тежина, пишува Science Alert.
– Ниту еден друг лек не поттикнал ваков степен на слабеење, ова навистина е голем пресврт. Првпат луѓето можат со лекови да го постигнат тоа што до сега беше возможно само со операција – Вели научник кој се занимава со дебелината Rachel Batterham од University College London.
Испитувањето на лекот Wegovy траело 68 недели, а во испитувањето учествувале околу 4.500 пациенти, кои добивале или семаглутид или плацебо. Тие кои го зеле лекот во просек по 68 недели изгубиле од 17 до 18 отсто од својата почетна тежина, додека кај плацебо групата тој резултат бил околу пар отсто.
Недостатоци на третманот
Иако резултатите се охрабрувачки, земањето на семаглутидот за лекување на дебелина има и свои недостатоци.
Многу учесници во испитувањето забележале благи до умерени нуспојави, како мачнина и пролив. Иако нуспојавите биле само привремени, речиси 60 учесници во групата која го добила лекот, решиле да го прекинат лекувањето. Во групата која примила плацебо лекувањето го прекинале само пет учесници.
Втор проблем бил начинот на примање на лекот кој се давал со инјекција, додека многу преферираат орално да го земаат.
Дополнително, сè уште нема податоци за тоа што се им се случило на учесниците откако прекинале да го земаат лекот. Една испитаничка изјавила за Њујорк Тајмс дека нејзината тежина почнала да расте по завршувањето на истражувањето.
– Иако таквите лекови може да бидат корисни кај тешки форми на гојазност бидејќи во кус период може да се изгубат килограмите, тие не се волшебно стапче кое ќе ги реши проблемите на многу дебелите лица – смета нутриционистот Том Сандерс од универзитетот King’s College London, кој не учествувал во студијата.
Лекот е скап
Иако Wegovy покажува голем потенцијал на многумина ќе им биде тешко достапен за користење поради високата цена. Ново Нордиски сè уште официјално не ја потврдил цената на лекот, но постојат назнаки дека тој би можел да чини околу 1.300 долари месечно.
ФДА во петокот објави дека Wegovy (semaglutid) е одобрен како терапија за регулирање на телесната тежина кај возрасни кои се претили или имаат прекумерна тежина и кои имаат барем едно заболување поврзано со дебелината, како висок крвен притисок, дијабетес тип 2 или висок холестерол. Тие кои ќе користат Wegovy, еднаш неделно ќе добиваат инјекција во која има хормон глукагон – сличен на пептид-1 (GLP-1), кој дава чувство на ситост.