САД НЕМА ДА ГИ НАПЛАЌААТ ЦАРИНИТЕ КОИ ГИ УКИНА ВРХОВНИОТ СУД Има ли можност компаниите да бараат поврат на платеното?
Во пораката на Агенцијата за царини се појанува дека суспензијата не влијае на други тарифи наметнати од Трамп, вклучително и оние според Законот за национална безбедност и од Законот за нефер трговски практики.
Агенцијата за царинска и гранична заштита на САД денеска објави дека на полноќ ќе ја суспендира наплатата на царинските давачки што беа воведени минатата година според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации, кој беше прогласен за нелегален од Врховниот суд на САД пред три дена.
Во порака на својата услуга за пораки Cargo Systems (CSMS), агенцијата објави дека почнувајќи од утре, односно една минута по полноќ, ќе ги деактивира сите царински кодови за наплата на царински давачки според претходната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации (IEEPA).
Во пораката на Агенцијата за царини се појаснува дека суспензијата не влијае на други тарифи наметнати од Трамп, вклучително и оние според Законот за национална безбедност и од Законот за нефер трговски практики.
Трамп, меѓутоа искористи друг закон и воведе нови светски царини од 15% за да ги компензира оние што ги поништи Врховниот суд во петокот.
Агенцијата не даде причина зошто продолжила да наплаќа царински давачки во пристаништата неколку дена по пресудата на Врховниот суд.
Медиумите објавија дека одлуката на Врховниот суд опфаќа 175 милијарди долари приходи од царини кои сега можат да бидат предмет на поврат. Институтот за буџетски модели Пен-Вартон процени дека тарифите базирани на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации генерираат повеќе од 500 милиони долари бруто приход дневно.