САД НЕМА ДА ЈА ИЗНЕВЕРАТ УКРАИНА Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува воените напори против Русија

Слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех - изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на на состанокот на контакт група за Украина што се одржува во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

159

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека САД нема да ја изневерат Украина и нема да дозволат да претрпи неуспех

– Оваа коалиција нема да дозволи Украина да претрпи неуспех и слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех – изјави Остин на почетокот на состанокот контакт група за Украина.






Состанокот на контакт групата, сојузници на Украина одговорни за координација на воената поддршка на земјата, се одржува во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Остин вети дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат воените напори на Украина против Русија, иако американскиот Конгрес е во застој околу финансирањето за испраќање дополнително вооружување на фронтот.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој исто така учествува на состанокот, предупреди да не се изгубат од вид суштинските одбранбени потреби на Украина.

– Доволно артилериска муниција, ракетна артилерија со поголем дострел и противвоздушна одбрана се вистински егзистенцијални прашања – рече Писториус.

Поврзани содржини