САД НЕ ШТЕДАТ НА ВОЕНА ПОМОШ Уште 800 милиони долари за Украина

Од почетокот на руската инвазија САД испратија оружје, муниција и друга опрема во Украина во вредност од повеќе од девет милијарди долари.

110

САД се подготвени да и дадат на Украина речиси 800 милиони долари нова воена помош, вклучително и најмалку 10 извидувачки беспилотни летала, изјавија неименувани американски претставници.

Според изворите најголемиот дел од помошта ќе биде во дополнителни хаубици и муниција, како и преносливи дронови за долги извидувачки летови, кои се лансираат од катапулт, а потоа се враќаат назад.






Ова ќе биде 19. пат од август лани американското Министерство за одбрана да испраќа оружје и воена опрема од сопствените резерви во Украина. Од почетокот на руската инвазија САД испратија оружје, муниција и друга опрема во Украина во вредност од повеќе од девет милијарди долари.

Поврзани содржини