САД НЕ ЈА ПОДДРЖАА ИЗЈАВАТА НА СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРОТИВ РУСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА Односите меѓу Вашингтон и Москва се затоплуваат

Ова е првпат САД да не ја поддржат изјавата која се објавува секоја година од руската инвазија во февруари 2022 година.

506

САД во средата одбија да се приклучат на заедничкиот став во Светската трговска организација (СТО) со кој се осудува руската агресија во Украина, изјави дипломатски извор и бизнис претставник во Женева.

Ова е првпат САД да не ја поддржат изјавата која се објавува секоја година од руската инвазија во февруари 2022 година. Ова е уште еден сигнал за затоплување на односите меѓу САД и Русија.






Повеќе од 40 земји-членки на СТО се приклучија на изјавата, која беше претставена на состанокот за преглед на украинската трговија. Меѓу нив се земјите од Европската Унија, Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Поврзани содржини