САД наскоро ќе ги отвори границите за европски земји со низок ризик
Тоа значи дека многу Европејци наскоро ќе можат да планираат одмор во САД или службени патувања, објави магазинот „Форбс“.
Некои патници од Европа наскоро ќе можат да патуваат во Соединетите држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека САД планираат да се „отворат“ за патниците кои доаѓаат од земји со низок ризик во Европа и други земји.
Тоа значи дека многу Европејци наскоро ќе можат да планираат одмор во САД или службени патувања, објави магазинот „Форбс“.
Патниците од сите 26 земји на ЕУ, како и од Велика Британија и Ирска, не можат да патуваат во Соединетите држави од 13 март, не само нивните граѓани, туку и сите други што останаа таму.
Сепак, Трамп најави дека ограничувањата наметнати за патниците од Европа може да бидат укинати наскоро.
Тој посочи дека ова може да се однесува на земјите каде ризикот од заболување од ковид-19 е на ниско ниво.
– Каде тие ќе почнат да напредуваат, ние ќе се отвориме. Но, само таму каде што напредуваат … Тие остваруваат добар напредок, исто како и ние – рече Трамп.