САД НАЈУСПЕШНИ НА СП ВО АТЛЕТИКА Американските атлетичари освоија 29 медали
Според вкупниот број освоени медали, зад Американците се пласираа Јамајка со 12, и Кенија и Велика Британија со по десет медали.
Атлетичарите од Соединетите Американски Држави беа најуспешни на Светското првенство во атлетика што се одржа во Будимпешта. Американците на ова СП освоија вкупно 29 медали од кои 12 златни.
По четири златни медали освоија Шпанија и Канада, додека Јамајка и Кенија по три златни одличја.
Според вкупниот број освоени медали, зад Американците се пласираа Јамајка со 12, и Кенија и Велика Британија со по десет медали.
На Светското атлетско првенство чиј домаќин беше Будимпешта медали освоија атлетичари од 46 држави.