САД НА УДАР ОД ЕВРОПА Контра-мерките ќе ја срушат американската економија за 22 милијарди евра

Помал дел од европските контра-царини ќе стапат во сила на 15 април, најголем дел ќе почнат да се применуваат од 16 мај, а преостанатите, меѓу кои и за сојата и за јаткасти плодови, ќе важат од 1 декември.

205

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто, ќе ја чинат економијата на САД дополнителни трошоци од околу 22 милијарди евра.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие мерки предвидуваат воведување царини во висина од 10 до 25 проценти за увозот во ЕУ на низа американски производи, вклучувајќи и тутун, мотоцикли, живина, челик и алуминиум.






Помал дел од европските контра-царини ќе стапат во сила на 15 април, најголем дел ќе почнат да се применуваат од 16 мај, а преостанатите, меѓу кои и за сојата и за јаткасти плодови, ќе важат од 1 декември.

Ваквата одлука се базира на ставот на ЕУ дека се обидува нејзините мерки да и нанесат минимални штети на европската економија, а да имаат максимален учинок врз САД, со што на Унијата ќе и обезбедат максимално можна силна позиција во преговорите со Вашингтон за избегнување на трговска војна.

Одлуката беше донесена откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот на ЕУ за укинување на царините за сите индустриски стоки со кои тргуваат Унијата и САД, дополните инсистирајќи блокот да „купува повеќе американски течен природен гас (ЛНГ)“.

За воведување на контра-мерките на американските царини гласаа 26 земји членки на ЕУ, а против беше само Унгарија. За усвојување на одлуката беше потребно „квалификуваното мнозинство“, односно поддршка од најмалку 15 земји членки на ЕУ во кои живеат над 65 отсто од вкупното население на блокот.

Европската комисија првично предлагаше контра-мерки чија вкупна вредност би ја чинело американската економија 26 милијарди евра, но подоцна ја ревидираше листата на американски стоки кои ќе подлежат на новите царини. Меѓу „отстранетите“ стоки се најде и бурбонот, што се оценува како ретерирање по заканата на Трамп дека ќе воведе царини од 200 отсто за алкохолните производи од ЕУ, доколку Брисел го оцарини американското виски.

Според податоците на ЕУ, американските царини на увозот на стоки од ЕУ достигнуваат вредност од околу 370 милијарди евра, што е на ниво на околу 70 отсто од вкупниот европски извоз во САД.

Како што најави во понеделникот портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил, следната недела Комисијата ќе претстави и предлог за реакција на американските царини од 25 отсто за автомобилите и на т.н. реципрочни царини од 25 проценти за увозот на сите стоки од ЕУ.

Гил истакна дека по објавувањето на предлогот, ЕК ќе одржи консултации со земјите членки и со европската индустријата, по што ќе ги предложи конечните мерки што би требало да бидат одобрени од државите членки. Според извори во ЕК, целата оваа процедура за усвојувањето на мерките би требало да заврши до средината на мај.

– Воопшто не сакаме да одиме во тој правец. Се обидуваме да избегнеме царини. Ние не ја создадовме оваа ситуацијата и се обидуваме да ја поправиме – рече Гил, додавајќи дека стратегијата на ЕУ останува непроменета и таа сака да преговара со американската страна за избегнување на ваквата ситуација со царините.

Европската Унија и нејзини претставници досега во повеќе наврати посочија дека ги сметаат американските царини за неоправдани и штетни и дека тие нанесуваат економска штета на двете страни, како и на глобалната економија.

– ЕУ јасно соопшти дека претпочита преговори со САД, кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија – соопшти вчера Европската комисија по усвојувањето на контра-мерките.

Трамп претходно најави дека Вашингтон ќе ги прекине трговските врски со ЕУ, доколку Брисел возврати на неговите царини, за кои тврди дека се неопходни за заживување на производството во САД.

Сепак, вчера тој ненадејно реши „да го паузира“ воведувањето на некои од царините за увоз од стоки од десетици земји за период од 90 дена

– Одобрив пауза од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период – информира Трамп, додавајќи дека оваа одлука не важи за Кина за чиј увоз најави и дополнителни царини.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави ваквата одлука на Трамп оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“.

Поврзани содржини