САД МУ ПРЕДЛОЖИЛЕ НОВ ФОРМАТ НА ПРЕГОВОРИ НА ЗЕЛЕНСКИ Страните во војната, плус САД, плус Европа?

САД рекоа дека ќе имаат посебен состанок со претставниците на Русија. И го предложија следниов формат, колку што јас разбирам: Украина, Америка, Русија и, бидејќи таму се претставниците на Европа, веројатно и Европа, изјави украинскиот лидер.

716

Вашингтон предложил нов формат на мировни разговори меѓу Украина и Русија, во кој би учествувале и Соединетите Американски Држави, а можно и европски претставници, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рекол дека Киев ќе го разгледа предлогот по завршувањето на билатералните разговори со американските преговарачи, кои продолжиле и денеска. Тој објаснил дека планира ова прашање да го отвори со шефот на украинската делегација, Рустем Умеров.






– САД рекоа дека ќе имаат посебен состанок со претставниците на Русија. И го предложија следниов формат, колку што јас разбирам: Украина, Америка, Русија и, бидејќи таму се претставниците на Европа, веројатно и Европа – изјави Зеленски.

 

Украина и Русија не воделе директни преговори лице в лице од средбите во Истанбул во јули.

Поврзани содржини