САД: Истрагата за смртта на Џорџ Флојд е „главен приоритет“ (ВИДЕО)

ФБИ спроведува голема истрага за тоа дали службениците вклучени во случајот ги прекршиле федералните закони, соопшти Министерството за правда.

585

Министерството за правда на САД соопшти денеска дека истрагата за полициската одговорност за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд е „главен приоритет“ по дводневните протести во Минеаполис, поради полициската бруталност.

ФБИ спроведува голема истрага за тоа дали службениците вклучени во случајот ги прекршиле федералните закони, соопшти Министерството за правда.






Соопштението е одговор на вториот ден протести во Минеаполис поради смртта на афроамериканецот. Во видеото што се шири на социјалните медиуми, Флојд се обидува да земе воздух, додека белец полицаец со коленото му го приклештил вратот.

Флојд (46) почина во понеделникот. Неговата средба со полицијата ја снимил случаен минувач. На снимката, Флојд лежи со лице на земја, лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да диши пред да престане да се движи.

Вториот ден од протестот, со грабежи и вандализам, почна откако градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј ги повика обвинителите да поднесат кривични пријави против полицаецот кој со коленото го притискал Флојд.

Поврзани содржини