САД им порачаа на своите граѓани: Веднаш напуштете ја Индија
Амбасадата на САД ги предупредила своите граѓани дека „пристапот до сите видови на медицинска нега станува драстично ограничен“.
Соединетите држави им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Индија што е можно поскоро поради епидемијата на коронавирус, која жестоко избувна во земјата.
Индија, денеска забележала 379.257 нови случаи со ковид-19 и 3.645 смртни случаи, објави индиското Министерство за здравство. Тоа е најсмртоносниот ден досега забележан во земјата погодена од пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2.
Амбасадата на САД ги предупредила своите граѓани дека „пристапот до сите видови на медицинска нега станува драстично ограничен“.
Ова е највисоко ниво на предупредување што Стејт департментот на САД им го издава на своите граѓани кои се во странство.
Вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 вчера официјално надминал 200.000, иако експертите велат дека вистинската бројка може да биде многу поголема.
Во предупредувањето испратено до американските граѓани се наведува дека треба да отпатуваат од Индија, односно да ја напуштат штом се отвори таква можност.
„Американските граѓани кои сакаат да ја напуштат Индија треба да го искористат достапниот комерцијален превоз“, се вели во предупредувањето.
Стејт департментот наведува дека некои нивни граѓани исто така биле спречени да влезат во болниците поради недостаток на простор.
Предупредувањето на Стејт департментот доаѓа во време кога Белата куќа објавила дека САД ќе ги пренасочат состојките потребни за производство на вакцината АстраЗенека во Индија, што треба да и овозможи на земјата, погодена од пандемијата, да произведе дополнителни 20 милиони дози на вакцината