САД И РУСИЈА ТРЕБА ДА СИ ВЕРУВААТ ЗА ДА ПРЕГОВАРААТ Двете страни напорно работат на стабилизирање на односите

Кремљ признава дека преговори за новиот Договор за стратешко офанзивно вооружување сега се тешко замисливи. Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва и Вашингтон сè уште трагаат по простор за идни разговори.

129

Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој оцени дека во овој момент е тешко да се замисли почеток на преговорите за новиот Договор за стратешко офанзивно вооружување (СТАРТ), но, како што наведе, Москва и Вашингтон работат на можноста за таков дијалог во иднина.






– Во овој момент е многу тешко да се замисли почетокот на таквите преговори бидејќи самиот факт на преговарање за прашања од стратешка безбедност и за контрола на вооружувањето, подразбира одредено ниво на билатерални односи, одредено ниво на меѓусебна доверба. Тоа е нешто што треба да се врати со присуство на соодветна политичка волја на двајцата претседатели – додаде Песков.

Поврзани содржини