САД И РУСИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГО ПРОДОЛЖАТ ВОЕНИОТ ДИЈАЛОГ Постигнат договор по разговорите за Украина во Абу Даби

Воената комуникација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија беше прекината во 2021 година, непосредно пред војната на Русија против Украина, потсетуваат светските агенции. 

87

Соединетите Американски Држави и Русија се согласија да го продолжат воениот дијалог на високо ниво по состанокот меѓу рускиот и американскиот воен персонал во Абу Даби, соопшти Врховната команда на силите на НАТО за Европа.

Договорот беше постигнат по состаноците во Абу Даби меѓу генералот Алексис Гринкевич, врховен командант на силите на НАТО за Европа, и високиот руски и украински воен персонал, се наведува во соопштението од Врховната команда на силите на НАТО за Европа.






Гринкевич пристигна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати на разговори меѓу претставниците на САД, Русија и Украина за завршување на војната во Украина.

„Комуникацискиот канал ќе обезбеди континуиран воен контакт додека страните продолжуваат да работат на постигнување траен мир“, се вели во соопштението од Врховната команда.

Воената комуникација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија беше прекината во 2021 година, непосредно пред војната на Русија против Украина, потсетуваат светските агенции.

Поврзани содржини